x

Познат е стартниот состав на У-21: Трапановски, Миовски, Шеји…

milevski-najava-1

За помалку од еден час почнува последниот квалификациски меч на нашата селекција до 21.година. Играме со Црна Гора во Скопје, а селекторот Благоја Милевски го објави стартниот состав кој против Црногорците ќе атакува на победа. Познато е дека неколку стандардни репрезентативци поради коронавирусот не можеа да се најдат во тимот, па сепак Милевски има добар тим.

Стартери се Јанков на голот, во одбрамбената “четворка“ се Тодороски, Стојменовски, Серафимов и Шеји од Струга Трим Лум. Во средниот ред тука се Ацковски, Атанасов и Здравковски, а во нападот Трапановски, Миовски и Ѓорѓиевски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата