x

Познат е привремениот претседател на Барселона

kamp-nou-prazen

Жосеп Марија Бартомеу замина во историјата на Барселона, откако вчера и официјално потврди дека поднел оставка на функцијата претседател на каталонскиот гигант заедно со бордот на директори.

Шпанските медиуми веќе го објавија името на привремениот прв човек на тимот. Станува збор за Карлос Тускетс. Во јавноста е познат како сопственик на 56 компании и основач на банката „ФИБАНК“.

Тускетс кој беше контра одлуките на Бартомеу, особено во делот на богатите плати на фудбалерите, засега нема поднесено кандидатура за претстојните избори.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата