Пеејќи и играјќи на светски познатите референи од Алиша Кејс, Мараја Кери, Селин Дион, Витни Хјустон 12-те идоли завчеравечер се преставија пред скопската публика. Колкав интерес побудија Идолите, говори фактот што картите за овој ревијален концерт беа распродадени три дена порано, а во Универзалната сала, буквално, беше пополнет секој слободен сантиметар. Мразот прва го проби Мина Лалечиќ, која пред публика се претстави со песната од “Анастасија”, веднаш по неа настапија: Ивана Стојковиќ, Викторија Угриновиќ, Младена Јаниќ, Сања Величковиќ, Наташа Мијатовиќ, Мина Матијашевиќ, Нона Неделковска, Маргита Антиќ, Маја Марјановиќ, Силвија Неделковиќ, Дејан Попов. Квалитетната интерпретација, која ја забележавме на сцената кај дванаесетемина финалисти, уште еднаш докажа дека жирито направило одличен избор. За цело време на сите овие настапи, во паузите меѓу песните приоѓаа многу деца, кои сакаа да им подарат нешто на своите идоли, да ги бакнат, да земат автограм или едноставно да ги гушнат. Истото, секако, продолжи кога на сцената како гости се појавија и “Адриан Гаџа” Тамара, Биба Додева, Ребека и Калиопи која заедно со финалистите на пијано ја изведе легедарната песна Бато. Водители на манифестацијата беа Анкица и Мартин Трпчевски, кои одлично си ја завршија својата работа. Карванот на Идолите уште денес се сели во Белград, каде што утре во салата “Пионир” ќе се одржи првото големо финале на кое ќе отпадне еден учесник. И така, единаесет саботи се додека не останат двајца финалисти кои ќе се борат за победа за учество на светскиот избор, многу слава, музичка кариера и албум. (А.Н) Фот: В.Перковски