Познати сите можни противници на Работнички К.
Европската фудбалска федерација УЕФА откако ги дозна прваците на Украина, Романија, Данска и Словачка ги објави имињата на учесниците во Лигата на шампионите за сезоната 2005/06. Во првото преткалификациско коло (12/13 и 19/20 јуни) покрај македонскиот шампион Работнички К. ќе настапат: бранителот на титулата Ливерпул, Артмедија (Словач.), Горица (Сло.), Анортозис (Кип.), Шериф (Мол.), Сконто (Лет.), Хака (Фин.), Зрински (БиХ), Динамо Т. (Гру.), Динамо М. (Блр.), Каунас (Лит.), Хафнарфјордур (Ис.), Слиема (Мал.), Шелбурн (Р.И), Пјуник (Ер.), ТНС (Ве.), Тирана (Ал.), Гленторан (С.И.), Левадија (Ес.), Дуделанж (Лук.), Нефчи (Азер.), Торсхавн (Ф. О.) и Кајрат (Ка.). На победниците од првиот круг во второто коло (26/27 јули и 02/03 август) ќе им се приклучат: ЦСКА (Бу.), Селтик (Шкот.), Динамо К. (Ук.), Стеауа (Ро.), Локомотив М. (Ру.), Трабзонспор (Тур.), Андерлехт (Бел.), Тун (Швај.), Валеренга (Нор.), Макаби Х. (Из.), Рапид (Ав.), Партизан (СЦГ), Брондби (Дан.), Хајдук (Хр.), Малме (Швед.) и Дебрецин (Ун.). Во последното квалификациско коло 09/10 и 23/24 август учество ќе земат претставниците на фудбалските велесили: Виљареал, Бетис, Манчестер Ј., Евертон, Интер, Удинезе, Вердер, Монако, Панатинаикос, Ајакс, Славија П., Глазгов Р., Бриж, Шахтјор, Розенборг и Висла К. Директен пласман во првата фаза од ЛШ (13/14 септември) обезбедија: Барселона, Реал М., Челзи, Арсенал, Јувентус, Милан, Баерн, Шалке, Лион, Лил, Бенфика, Порто, Олимпијакос, ПСВ, Спарта П. и Фенербахче. Ждрепката за првите две претквалификациски коло е на 24 јуни, за третото на 29 јули. Извлекувањето на групите е закажано за 25 август. Финалната средба во ЛШ ќе се одигра во Париз на 17 мај 2006 г.