x

Познати се резултатите на 11 кошаркари од првата „тура“ на ПЦР-тестови

mkd-4

Македонската кошаркарска репрезентација на 20. овој месец ќе ги почне подготовките за ноемврските квалификации за пласман на Европското првенство следната година.

Александар Тодоров, предводникот на нашиот национален тим објави поширок список од 24 играчи, но на кого ќе може да смета за пресметките со Естонија и Италија, мечевите кои се играат во Талин ќе зависи од ПЦР-тестовите.

Во „балонот“ нашата репрезентација ќе може да влезе со два негативни тестови. Овој пат истите се прават во различни денови поради обврските на дел од репрезентативците во АБА 2-лига, како и оние кои играат во странство.

Пред скоро време беше и официјално потврдено дека Стојан Ѓуроски е позитивен на Ковид-19 и нема да патува во Талин.

Во меѓувреме вчера беше направена првата „тура“ на тестови. Се тестираа кошаркарите кои играат во домашното првенство, без оние од МЗТ Скопје и Работнички. Добра вест е што сите се негативни, станува збор за 11 играчи од поширокиот список на Тодоров.

Наскоро ќе бидат познати и резултатите од останатите играчи.

Македонија на 28. игра против Естонија, репрезентација која не совлада во Скопје, и против Италија два дена подоцна. На стартот на квалификациите забележавме два порази, еден од нив од Русија на гости.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата