Познати најдобрите петорки
НБА лигата ги објави најдобрите петорки во регуларниот дел на сезоната. Во првата се наоѓаат кошаркарите: Неш (Феникс, третпат во низа), Стадемаер (Феникс), Брајант (Л.А.Лејкерс, петти пат), Данкан (Сан Антонио, девети избор во првата петорка) и Новицки (Далас), додека во втората: Аренас (Вашингтон), МекГрејди (Хјустон), Минг (Хјустон), Џејмс (Кливленд) и Бош (Торонто). Место во третата петорка обезбедија Билапс (Детроит), Вејд (Мајами), Гарнет (Минесота), Ентони (Денвер) и Хауард (Орландо).