Николина Пишек откако со сопругот и децата беше исфрлена од вилана каде што латуваше, се огласи за хрватските медиуми, а сега се појавија и видеа кои настанале во екот на скандалот. Сопствениците на вилата ги исфрлиле со објаснување дека им ја урнисале вилата. 

-Како што ни кажа нашиот адвокат вакво ѕверство не е забележано во историјата на хрватскиот туризам. Навистина ова е ѕверско-разбојнички чин. Би сакала да знам што се случи во меѓувреме со Роко Гал и дали е приведен на сослушување, дали се прегледани и претресени просториите кои ги користат тој и неговата сопруга Ана Шабиќ? Над нас дефинитивно е извршено злосторство, рекла Николина.