x

Позитивни случаи во младата репрезентација, повик во „А“ селекцијата за Дориев

doriev-izrael

Од фудбалската федерација на Македонија, во моментов потврдуваат дека поради појава на позитивни случаи на фудбалери во Македонската репрезентација до 21. година, Дарко Чурлинов, и Тодор Тодоровски, како и голманот Ристе Јанков нема да и се приклучат на сениорската селекција.

Наместо нив во А репрезентацијата дополнително е повикан, играчот на Шкендија, Љупче Дориев.

Засега нема информација дали мечот против Црна Гора на младата репрезентација ќе биде одложен поради позитивните случаи во нашиот табор.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата