Претседателот на германскиот институт „Пол Ерлих“, кој е одговорен за прифаќање на вакцините, Клаус Цихутек, е убеден дека годинава ќе се најде вакцина против коронавирусот.

Се водам, во моментов, од фактот дека вакцината ќе биде одобрена до крајот на 2020 година или почетокот на следната година, а предуслов е дека резултатите од третата фаза на тестирање ќе бидат позитивни – објасни Цихутек.

Цихутек објаснува дека во третата фаза од студијата, се проверува дали вакцината навистина штити од вирусот.

Според него, одобрувањето за пуштање на пазарот веројатно ќе биде поврзано со последователно доставување на дополнителни податоци.

Тој вели дека е позитивно што различни кандидати за вакцината го зголемуваат имунитетот кај луѓето.

Во исто време, Цихутек посочува дека, дури и откако ќе биде одобрена вакцината, не треба да се смета на фактот дека ќе биде можно да се откаже од сегашните правила на коронавирусот, како што се маски и социјална дистанца.