Поранешниот голман на Барселона Рушту Речбер се наоѓа во критична состојба откако се заразил со коронавирус.

Минатата недела, тој бил итно примен во болница, но сега состојбата значително му се влошила, јавуваат турските медиуми.

„Мојот сопруг е примен во болница и потврден му е Ковид-19. Се беше нормално, а одеднаш се развоја симптомите. Се уште сме во шок.“ – напиша неговата сопруга Исил на социјалните мрежи.

Турскиот весник „Милијет“ јавува дека турскиот голман заболел од коронавирус токму од сопругата која се вратила од патување во САД. Исил ги прекршила здравствените прописи и не била во двонеделен карантин, туку веднаш отишла во козметичкиот салон кој го има.