Мирна Зидариќ, спортска новинарка во ХРТ, се заразила со корона вирус на Адриа Тоур во Задар.

Сега објавила фотографија која ја поделила за да видат сите како изгледаат последиците од корона вирус.

На својот Твитер поделила фотографија со која можеби многумина сепак ќе ги натера да стават маски. Како што тврди, откако се опоравила, косата со недели и понатаму и отпаѓа.

“Поздрав до скептиците. Знам, не е најлошо што од корона може да ти се случи, но за некого ова инфо може да му биде точка на пресвртница…“, напишала.

“Не е некој призор, но имајте на ум секогаш кога ќе сакате да ја симнете маската или одбивате да ја носете… Ова е само после едно чешлање, и така секој ден, се надевам за кусо, бидејќи ќе ја снема залихата“, додала.

Ист проблем имала и глумицата Алиса Милано. Нејзиното видео како предупредување го виделе околу милион ипол луѓе. Таа исто така покажала една од последиците на таа инфекција, а тоа е опаѓање на косата.