Уште еден пожар избувна во трговскиот центар во рускиот град Кемерово, каде вчера во смртоносен пожар загинаа најмалку 64 луѓе и голем број се се уште исчезнати, вклучително и деца. Од снимките кои се појавија на социјалните мрежи, може да се види густ и црн чад како се издига над зградата од трговскиот центар.

На местото на трагичниот настан владее хаос. Родители на деца кои се исчезнати, во очај се туркаат во пламените јазици,за да дојдат до своите најмили. Спасувачките екипи се уште трагаат по преживеани. Според информациите десетина луѓе се водат за исчезнати и како што велат надлежните, малку е веројатно да се живи.

Истовремено луѓе се собираат во близина на трговскиот центар и им оддаваат почит на загинатите, палејќи свеќи и положувајќи цвеќиња.

Според информациите од руските медиуми, огнот избувнал во игротеката која се наоѓала во трговскиот центар, а причина наводно бил краток спој.

извор: Makfax