Од 15.40 часот, сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман е во прекин во двата правци, поради шумски пожар над каменоломот Превој – Плетвар, атар на с.Тројаци кон с.Топлица.

АМСМ известува дека денеска започнаа градежни активности за подобрување на црни точки со што ќе се изврши времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1202, делница Жировница – Дебар – г. п. Блато, во временски период од 30 календарски денови.

Започнаа и градежни активности за подобрување на состојбата на осветлувањето (поставување на канделабри) со што ќе се изврши времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Струмица – Валандово, Клучка Куклиш, во временски период од 30 календарски денови.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

извор: Makfax