(Фото: Илустрација)

Пожар избувна вечерва кај новата зграда на Народната банка, што се гради до Министерството за надворешни работи.

Командирот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томевски, за „Макфакс“ изјави дека во гасење на пожарот интервенирале две возила и пет пожарникари и дека огнот е изгаснат. Тој информира дека горел градежен материјал и дека пожарот бил надвор од објектот.

Причините засега не се познати.

извор: Makfax