Во кругот на фабриката „Железара“ синоќа избувнал пожар. Според информациите од Градот Скопје пожарот бил изгаснат и нема повредени.

„Од засега непознати причини, околу 21:30 избил пожар во кругот на ‘Железара’, на местото викано Челичарница, отпад за старо железо“, информираат од Градот Скопје.

Првично во гасење на огнот реагирале службите на „Железара“, а потоа побарале помош од Противпожарната бригада на Град Скопје.

извор: Makfax