Голема штета предизвика пожар што се случи вчера на улицата Мите Трајчевски во Ресен.

Пожарот избил во магацин за складирање на јаболка, при што биле зафатени и кровната конструкција и куќа во сопственост на И.М. и Ж.М. двајцата од Ресен.

Според информациите опожарен е трактор, дрвена конструкција од настрешница, дел од покрив и 700 гајби со јаболка.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на полициска станица Ресен.

извор: Makfax