Само две шимпанза го преживеаја пожарот којшто ја зафати зоолошката градина во германскиот град Крефелд.Огнот го уништи живеалиштето на бројни шимпанза, орангутани и горили. Полициски службеник изјавил за локалните медиуми дека небесни фенери би можеле да бидат причина за трагедијата.

„Огнот го уништи живеалиштето на мајмуните, преживеаја само две шимпазан. Вистинско чудо е како шимпазата Бели и Лимбо успеаја да го преживеат пожарот. Тие се згрижени и за нив се грижат ветеринари од зоолошката градина“, објавија надлежните на Фејсбук.

Во пожарот загинаа повеќе од 30 животни.

„Сè уште сме во шок и сè уште не можеме да кажеме точно дали и каде е потребна помош“, велат од зоолошката. Иако властите допрва треба да ја утврдат причината, локалните медиуми објавија дека пожарот можел да биде предизвикан од огномет.

Полициски службеник за „Билд“ изјави дека причината се можеби небесните фенери, кои се забранети во Северна Рајна-Вестфалија од 2009 година.Германија е најголемиот увозник на огномет во ЕУ.

извор: Makfax