Четири лица се повредени во пожар што избувнал во автобус на автопатот Таурнаутобан во австриската провинција Корушка.

Моторот на автобус кој превезувал патници од Хрватска се запалил во текот на ноќта. Според полициското соопштение, возачот го забележал пожарот и го запрел возилото. Заедно со другиот возач и патниците, тој се обидел да го угаси пожарот, но неуспешно.

Само пожарникарите, кои биле алармирани, успеале да го изгаснат огнот. Еден патник, двајцата возачи и еден полицаец добиле повреди и се транспортирани во болница. Другите 35 патници се сместени во блискиот ресторан, каде што чекаат друг автобус. Автопатот бил затворен два часа поради пожарот.

извор: Makfax