Екипи на Противпожарната единица и нуркачката единица при МВР се обидуваат да извлечат автомобил кој паднал во Вардар во близина на пешачкиот мост кај болницата Аџибадем Систина.

Според првичните информации, во автомобилот немало никој. Спасувачките екипи се обидуваат да постават сајли за извлекување на возилото.

Пожарникари кои што учествуваат во акцијата за „Макфакс“ велат дека е отежнато излекувањето на возилото поради брзата и ладна вода во Вардар, како и поради лошиот пристап до возилото, кое што е пропаднато во дупка и од него се гледа само антената.

Акцијата трае повеќе од половина час. Во Вардар има еден нуркач,а од страна повеќе од 6 полицајци го јажиња се обидуваат да го извлечат возилото.На местото пристигнаа уште две екипи на пожарната единица кои ќе помагаат при извлекувањето.

извор: Makfax