Освен Маркоска, која е единствена гостинка од Македонија, на манифестацијата ќе учествуваат претставници од Сенегал, Мароко и Бангладеш.

Целта на одржувањето на овој настан, кој слави втора година од своето постоење е подобра интеграција на македонскот јазик, македонските култура и традиција на територијата на Пиеве Ди Солиго каде има бројно македонско население.

Во мноштвото придобивки од оваа средба е подобрувањето на економската соработка меѓу земјите учеснички и Италија. На 15 октомври ќе се одржи конференција на тема „Заеднички заложби за економски и социјален развој на нашите заедници”.