Во Турција се води истрага против 300 луѓе поради наводно ширење терористичка пропаганда и навреда на сметка на претседателот на државата на социјални мрежи, објавија турски медиуми.

Осомничените, во Турција и во странство, распространувале пропаганден материјал на Работничката партија на Курдистан (ПКК) и исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, противник на Ердоган кој живее во САД, како и за навредливи пораки на сметка на претседателот.

Според западни медиуми, во претходна слична истрага биле уапсени 34 луѓе.