Тој најави дека мечот во СЦ „Јане Сандански” ќе биде исклучително тежок за неговите избраници пред се поради фактот што клубот од Карпош нема одиграно официјален меч веќе подолго време.

Во овие моменти имаме мал дефицит околу невоиграноста на титмот, пред се поради тоа што немаме официјални натпревари. Сигурно дека ќе биде одличен натпревар против МЗТ Скопје, а подобар противник во првото кло не ни можевме да посакаме. Ќе биде добар натпревар, МЗТ Скопје е квалитетен тим, но нашите амбиции сезонава се на едно повисоко ниво, па поради тоа гостувањето во „Јане Сандански” е биде одличен меч за проверка на силите. Нема да одиме на никакви калкулации, бидејќи натпреварите од европската сцена ни доаѓаат кон средината на декември, тогаш можеме да размислуваме за што подобро претставување надвор од Македонија. Шанса во овие натпревари од домашното првенство ќе добијат и неколку млади кошаркари кои ќе добијат соодветна минутажа, изјави шефот на стручниот штаб на „соколите”, Даскаловски.