САД продолжува со поддршка на македонската винска индустрија. Неделава УСАИД ја реализираше првата обука за медиуми и унапредување на односи со јавност за претставниците на индустријата за вино. Според Дивна Јордановска, менаџер на винаријата “Чекорови” вели дека вештината за успешна комуникација со медиумите е потреба која понекогаш се потценува. Обуката за унапредување на односите со јавност е дел од напорите на УСАИД да им помогне на малите и средни винарии во земјава да го подобрат квалитетот и реномето на нивните производи. Поддршката на УСАИД на винската индустрија почна во 2003 година, од кога и извозот на флаширано вино порасна за 20 проценти, обезбедувајќи поголеми приходи за македонската економија. Просечната цена на извезеното вино се зголеми за 13 проценти, укажувајќи на зголемен углед и квалитет на производите.