Утре ќе се задржи облачно и свежо со врнежи од дожд, со пообилни врнежи во источните делови. Потоа, од вторник во текот на денот ќе настапи стабилизација на временската состојба, од среда и со значителен пораст на дневната температура.

Прогноза за 10.03.2020

Минимална температура: 2°C до 7°C

Максимална температура: 8°С до 15°C

Променливо облачно, претпладне со локален дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер.

Прогноза за 11.03.2020

Минимална температура: -1°C до 6°C

Максимална температура: 12°C до 19°C

Сончево и потопло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Прогноза за 12.03.2020

Минимална температура: -2°C до 5°C

Максимална температура: 15°C до 21°C

Сончево и релативно топло со слаб до умерен северен ветер.