x

Погребњак позитивен на коронавирус

Поранешниот руски репрезентативец Павел Погребњак се тестираше позитивно за коронавирус, објави прес-службата на Урал, каде што игра.

– Болеста е блага. Ништо не му се заканува на неговото здравје. Павел се чувствува добро и е под постојан медицински надзор. Во моментов се спроведуваат сите потребни мерки за дијагностицирање и лекување. Другите играчи и вработените во клубот имаат негативни тестови за инфекција со коронавирус, објаснија од клубот.

Во своите најдобри години, Погребњак играше за Зенит, Штутгарт, Фулам и Ридинг.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата