Француското радио РФИ се извинило во понеделникот поради грешно објавување накролози на бројни познати личности, вклучувајки го Пеле, кралицата Елизабета и глумицата Брижит Бардо, правдајќи го тоа со “техничка грешка“

– Поради техничка грешка, на нашата веб страница објавени се текстови посветени на умрените. Работиме на поправка на овој голем проблем. Им се извинуваме на сите кои можат да се почуствуваат погодени и на вас кои не следете и ни ја давате довербата – реколе од радиото на Твитер.

Овој “голема бура“ предизвикал бројни реакции на социјалните мрежи, од забуна и неразбирање до потсмевање.

Меѓу познатите личности каде што овие некролози им се посветени се: Али Хамне, екс претседателот на САД Џими Картер, Брижит Бардо, Клинт Исвид, Софија Лорен, фудбалерот Пеле…

Тука е и францускиот министер и бивш претседател на ФК Олимпик од Марсеј Бернард Тапи кој веќе неколку пати бил прогласен за мртов. Ле Монд објавил некролози пред повеќе од една година, а мрежата L’Ekipe кусо објавувала известување за неговата смрт на фиду вести во август 2019 година.