Албанската Влада побара зајакнување на безбедноста на границите со Косово, за да се намали илегалната трговија со луѓе што ја вршат организирани криминални групи, пишува атинскиот весник “Експрес”. Барањето го упатила заменик-министерот за внатрешни работи Ива Заими на средбите со официјални претставници во Приштина кон крајот на минатата недела. Според Заими, “таа трговија е најчувствителна во северниот дел на Албанија, од каде има интензивно префрлување на жени и деца од поранешни Советски републики кон Косово и од таму преку Албанија за Западна Европа”.