Одѕивот на гласачите до 9:00 часот врз основа на податоците од Државната изборна комисија за 3.024 избирачки места од 3.480, во сите шест изборни единици, е 6,60 отсто. До 9:00 часот на гласање излегле 119.775 граѓани, како што е објавено на страната rezultati.sec.mk.

Во ИЕ  – 1 одѕивот бил 8,14 отсто од обработени податоци од 468 избирачки места од вкупно 522.

Во Втората изборна единица одѕивот е 6,68 од обработени податоци од 462 од 504 избирачки места.

Во ИЕ 3 одѕивот до 9:00 часот од податоците од 538 избирачки места од вкупно 684, бил 7,46 отсто.

Во Петата изборна единица одѕивот бил 6,2 отсто од обработени податоци од 526 избирачки места од вкупно 599.

До 9:00 часот најмал одѕив има во Шестата изборна единица. Врз основа на обработени податоци од 40 избирачки места од вкупно 465, одѕивот таму бил 3,57 отсто.

Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат еден милион 814 илјади и 613 гласачи во Шест изборни единици