Старица која чувала хамбургер од МекДоналдс во кутија од 1966 година покажала како изгледа после повеќе од две децении.

Корисник на ТикТок ја снимил својата баба која отворила кесе во кое се наоѓал помфрит и хамбургер, кој е купен пред 24 години. Хамбургерот е чуван во оригиналан книжна кеса која потоа е ставена во кутија за чевли.

Старицата тврди дека хамбургерот изгледа недопрен после сите години, но не открила зошто го чувала толку долго.

“Пофритот изгледа како да паднал под седиште на автомобил пред еден месец, но не се распаднал ниту скапал. Хамбургерот исто така изгледа добро“, изјавила старицата.

Видеото собрало над милион прегледи на ТикТок.

Слично со хамбургер на МекДоналдс направил и Дејвид Випи кој го купил 1999 година и потполно го заборавил во својот капут.

МекДоналдс и порано се огласувал по повод вакви случаи.

“За да дојде до распаѓање, потребни се одредени услови, особено влажност. Без доволна влажност, бактериите нема да размножуваат со што нема да дојде и до распаѓање. Слично е и со храната која е направена дома“, соопштено е од Мек Доналдс.