Ема Вотсон и Том Хенкс ќе ги гледаме во возбудливиот трилер за „навлеченоста” на социјалните мрежи и влијанието на технологијата на нашите животи!

„The Circle” е вториот екранизиран роман на Дејв Егерс во кој Том Хенкс ја глуми главната машка улога. Главната женска улога, Меј Холанд, ја толкува Ема Вотсон, а покрај неа во филмот се појавуваат и Џон Бојегa, како и Бил Пакстон кому оваа му е последната улога во филм.

Заснована на интернационалниот бестселер, оваа модерна поучна приказна е сместена во не толку далечна иднина. Страшните последици од технологијата се судруваат со желбата да ве чуваат во свет во кој присуството на интернетот е најважно, а бројот на следбеници ја покажува вистинската моќ.

Џејмс Понсолт ја раскажува фасцинатната приказна за Меј Холанд, млада жена желна да започне своја кариера. Таа ќе му се придружи на технолошкиот и социјален гигант „The Circle” каде што ќе напредува многу брзо.

Принудена да застане пред камери од страна на основачот на фирмата, Имон Бејли, Меј се бори да го одржи својот личен идентитет додека станува лице на компанијата која има милијарда следбеници.

Клучното прашање кое се провлекува низ филмот е дали би биле подобра верзија од себеси ако знаете дека ве гледаат 24 часа дневно? Кои би биле импликациите на транспарентното општество? Постојат луѓе за кои сакаме да бидат транспарентни – славните личности, криминалците – за сопствено воајерско уживање или сопствена безбедност – и други луѓе за кои мислиме дека имаме право да им побараме транспарентност – политичари, полиција… Каде е границата?[video:https://youtu.be/QCOXARv6J9k]