Се ближи крајот на изградбата на најдолгиот мост на светот. Ова ремек дело ќе ги поврзува Хонг Конг, Џухај и Макао, пренесе Дејли Мејл.

Мостот се изработува повеќе од 7 години и има должина од 55 километри. Според трошоците ова е воедно најскапиот мост во светот кој чини цели 98 милијарди долари.

Се предвидува олеснување при патувањата така што ќе се намали времето за патување од Хонк Конг до Џухај на 30 минути. Досега беа потребни три часа.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=ivs-U6vIMiM]