Шаќир Фетаху, поглаварот Исламската верска заедница на Македонија, со писмо до муслиманскиот водач на Турција, Али Ербаш, му се заблагодари на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за повторното рестартирање на Аја Софија како џамија во Истанбул по пауза од 86 години, пренесува агенцијата Анадолија.

„За џамијата Аја Софија примарна задача беше да ги обнови религиозните активности за граѓаните на Република Турција, вклучително и Македонија, а ние како муслимани се воодушевуваме од оваа одлука како и сите еминентни верски лидери. Раководството на Реџеп Таип Ердоган е ѕвезда во подем кај порано угнетените и сакам да изразам дека тоа е неопходен извор на надеж, се вели во честитката на Шаќир Фетаху, кој дојде на чело на ИВЗ на местото на контроверзниот Сулејман Реџепи.

Некогашната црква „Света Софија“ функционираше како музеј се до одлуката на Турција повторно да биде рестартирана како џамија, што предизвика голем број на различни реакции во Европа и во светот.