Поранешниот репрезентативец на Англија и фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд е убеден дека на Пол Погба му е судено да ја освои “Златната топка” на ФИФА и Франс фудбал.

Фердинанд и Погба кратко време беа соиграчи во Манчестер Јунајтед по што францускиот репрезентативец одлучи како слободен играч да оди во Јувентус каде се афирмираше.

Мислам дека карактерот му е таков да сака да биде најдобар. Погба оди кон тоа во следните три четири години да биде најдобар фудбалер на светот. Сигурен сум дека Погба ќе ја осови Златната топка, изјави Фединанд.