Ги направивме првите контакти околу трансферот. Погба е воодушевен од Реал и тренерот на актуелниот шампион во Лигата на шампионите, Зинедин Зидан и тоа се два големи факторикои би можеле да одлучат. Погба сонува да ја осови “Златната топка” и тоа може да го достигне во дресот на Реал, изјави Рајола.

Шпанските медиуми пишуваат дека во случај на реализација, трансферот ќе изнесува 100 милиони евра, што воедно би било нов рекорд. Раководството на клубот од Торино е во состојба да добие и обештетување, бидејќи договорот на Погба истекува во 2019 година, но парите ниогаш не се проблем за шпанскиот гигант.