Преговорите за членство на Турција во ЕУ ќе бидат обновени на 29 март, јавија турските медиуми повикувајќи се на информација во францускиот “Монд”. Тоа ќе биде прва средба на турските и европските преговарачи од декември 2006 година кога ЕУ донесе одлука за делумно замрзнати на преговорите со Анкара поради одбивањето на Турција да ги отвори своите пристаништа и аеродроми за кипарските бродови и авиони.