Како и на почетокот на пандемијата со корона вирус, поради постојаниот раст на бројот на новоинфицирани, Германците повторно почнаа да складираат тоалетна хартија.

Синџирите за малопродажба „Лидл“ и „Алди“ посочуваат дека има мало зголемување на побарувачката за одредени производи.

Предупредувањето на премиерот на покраината Баварија, Маркус Седер, дека земјата е поблизу до ново „затворање“ отколку што некој сака да признае, предизвика Германците да имаат рефлекс на снабдување со тоалетна хартија и производи кои траат долго.

Според весникот Виртшафтсвое, Лидл и Алди објавија дека ја зголемуваат побарувачката за средства за хигиена во одредени региони на Германија. Така, тие наведуваат дека повторно е забележана поголема побарувачка за тоалетна хартија.

Другите германски медиуми исто така објавија дека има зголемени набавки на тоалетна хартија во градовите како Келн и Вупертал.

Лидл и Алди истакнуваат дека овој пат се добро подготвени за ситуациите со кои се соочиле на пролет кога беа распродадени средствата за дезинфекција, тоалетна хартија и тестенини низ цела Германија.

За потсетување, рекорден дневен број на новоинфицирани лица, 7.334, беше забележан во Германија вчера, втор ден по ред, објави Институтот Роберт Кох, додека 24 лица починаа.

Ова е прв пат од почетокот на епидемијата бројот на нови случаи за еден ден да надмине 7.000.