x

Повторно карантин за Пик Сегед, „виси“ мечот со Вардар

pik-seged-e1587765946417

ПИК Сегед одново е во карантин, откако уште еден нивен ракометар е позитивен на вирусот Ковид-19.

Унгарскиот вицепрвак направи тестови по гостувањето кај Келце, и утврдено е дека имаат уште еден, седми позитивен ракометар во екипата.

По Бомбач, Мачковшек, ХЕнигман, Бодо, Баниси и Кашпарек, сега има плус уште еден, чие име не се открива.

Со тоа и виси дуелот со Вардар, со оглед дека сите членови на екипата се веднаш ставени во карантин, и ќе има ново тестирање.

ПИК Сегед ги информирал и Келце и Вардар за новонастанататат ситуација, а ЕХФ ќе решава за нивните натпревари во ЛШ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата