x

ПОВТОРНО ЗАЕДНО: Каниџа ќе му биде асистент на Марадона во Гимназија Ла Плата?

Аргентинскиот весник „Оле“ пишува дека во моментов се работи на составување на неверојатниот аргентински тандем од СП во 1986 и 1990 година, Марадона – Каниџа.

Весникот пишува дека раководството на екипата на Гимназија Ла Плата, каде како прв тренер е легендата Диего Марадона, е во тесни преговори со Клаудио Каниџа. Дури и самиот Диего се обидува да го убеди својот репрезентативен колега од најславните денови на аргентинскиот репрезентативен фудбал да му се приклучи во стручниот штаб.

Каниџа, кој не е тајна дека имаше сериозни проблеми со дрогата, од своето пензионирање никогаш не бил интегриран во некој тренерски кадар. Неговата улога, доколку биде прифатена, ќе биде улогата на втор асистент на Марадона, покрај Галего Мендез кој веќе работи со него.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата