x

Повторно ВАР контроверзии: Дали голот на Евертон е регуларен? (видео)

Манчестер Јунајтед игра со Евертон во рамките на 17. коло на Премиер лигата и по првото полувреме „карамелите“ водат на Олд Трафорд. Погодокот во 36. минута го постигна Виктор Линделеф кој си ја затресе мрежата после неочекувано нафрлена топка.

На акцијата претходеше воздушен дуел помеѓу противничкиот играч Јери Мина и голманот Давид де Хеа. Чуварот на мрежата на Јунајтед скокна да боксува, но доби лакт во лицето поради што не можеше да види каде лета топката, а таа го прелета и дојде до неспремниот Линделеф кој ја спроведе во својата мрежа.

Судијата оцени дека тука се е чисто и го призна голот на Евертон…

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата