Повторна смена во Гучи
Објавено е дека Александра Фацхинети, креативен директор на женската линија на Гучи заминува од позицијата по една година, поради несогласување со менаџерскиот тим. На нејзино место е именувана Фрида Џианини, која, како креативен директор ќе ги додаде торбите, паричниците итд. Таа ќе биде одговорна и за креативниот дел на линијата. Многу се шпекулираше што ќе се случи со оваа модна марка откако Том Форд минатата година го напушти Гучи поради несогласувањата, кои ги имаше со новиот сопственик на Гучи Гроуп и француската текстилна групација ППР. Но, и покрај заминувањето на креаторот Том Форд, сепак, Гучи успеа да се задржи на врвот на модната индустрија напредувајќи уште повеќе на чело со креативниот директор Александра Фацхинети, личност која во тимот на големиот креатор работела повеќе од 4 години пред неговото заминување и која ја чекаше тежок предизвик да го одржи Гучиевиот имиџ. Следеа 2 главни колекции под водсто на Александра, кои добија многу позитивни критики и конечно менаџерите можеа да се опуштат, верувајќи дека иднината на марката Гуцци Гроуп е во вистински раце. Но, колку долго? Прашањето кое се наметнува е колку пати едно силно име како Гучи може да ја одржи својата сила, со постојаните промени во менаџерскиот тим т.е неговата инкомпатибилност со дизајнерскиот тим во поглед на заедничките цели и неможноста да ги реши? Времето ќе покаже…