Во текот на вчерашниот на регионалниот пат Тетово – село Пирок, поточно во село Голема Речица се случила сообраќајна несреќа во која едно лице заврши со повреди.

Како што информираа од полицијата 45-годишниот Р.Е. од село Мала Речица, тетовско, управувајќи патничко моторно возило „Сеат Леон“ со тетовски регистарски ознаки удрил во пешакот А.А. на возраст од 73 години од село Голема Речица.

По незгодата, пешакот поради здобиени повреди веднаш бил пренесен во Клиничка болница Тетово и по укажана лекарска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје, додаваат од полицијата.

Од МВР посочија дека бил извршен и е увид на местото на настанот.

извор: Makfax