Четворица Срби се повредени во напад со граната извршен прексиноќа во западниот дел на Косово, соопшти локалната полиција. Милорад Павловиќ и тројца членови на неговото семејство се повредени кога непознато лице фрлило бомба пред прозорецот на неговиот стан во градот Клина, западно Косово, прецизира полицијата.Повредените се хоспитализирани во болница во Пеќ и се надвор од животна опасност, пренесува МИА. Павловиќ е едно од српските семејства кои се вратија во Клина по војната во Косово (1998-1999 година).