Две жени пешаци се повредени во сообраќајна несреќа, кога во нив удрил автомобил, а возачот избегал.

Според информациите на МВР, несреќата се случила во 14.30 часот на крстосница од булеварот Маршал Тито и улица Ленинова во Струмица, кога едно возило удрило во пешаците М.Б.(61) од Радовиш и В.А.(57) од Струмица, а возачот избегал.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила В.А., а со телесни повреди се здобила М.Б., по што биле пренесени во болницата во Струмица за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

извор: Makfax