Лекарите сѐ уште се борат за животот на двајцата сопружници од Гостивар, хоспитализирани на скопските клиники, на чии тела има повеќе убодни рани од нож, дознава Алсат од роднини на повредените.

Потсетуваме дека во нападот, што се случи доцна синоќа, 78 годишна жена им подлегна на повредите. Полицијата веќе имиа приведено еден осомничен, а како што неофицијално се дознава, мотив за убиството е нерасчистен финансиски долг помеѓу семејството на настраданите и напаѓачот.