x

Повреда: Нејмар во солзи изнесен на носилки од терен!

nejmar-pari-sen-zermen

Не само што загубија во дербито на Лига 1, ПСЖ го снајде и тешка повреда на својата прва ѕвезда, Нејмар. Бразилецот во солзи беше изнесен на носилки од теренот на “Паркот на Принцовите“, откако врз него грубо стартуваше Тиаго Мендеш, кој заработи исклучување. Во прашање е повреда на зглобот, а дека имаше голми болки говори фактот дека Нејмар плачеше додека го изнесуваа на носилки.

Инаку според првичните прогнози, зглобот на Бразилецот претрпел скршеница, и ако тоа е вистина тогаш следува пауза од најмалку три месеци.

Не треба да се говори што значи оваа повреда за тимот на Томас Тухел, “светците“ сега ќе мораат без својот најдобар фудбалер во следните неколку месеци.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата