x

Повредата на Мбапе не е толку сериозна!?

mbappe

Килијан Мбапе вчера во дуелот од финалето на Купот, го напушти предвреме мечот со Сент Етјен, откако грубо беше фаулиран од страна на противнички играч. На крајот се појави со штаки на натпреварот, што не даваше добри сигнали.

Денеска од тимот на ПСЖ објавија за повредата на својата „ѕвезда“. Од таму објаснија дека станува збор за „сериозно истегнување на зглобот“, и дека ќе биде направен уште еден преглед во рок од 72 часа, по кој ќе се знае колку ќе паузира напаѓачот на Парижаните.

Се огласи и самиот Мбапе кој што се заблагодари на поддршката.

Првите проценки се дека повредата и не е толку сериозна, односно дека ќе паузира само 5-6 дена.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата