Во Подгорица утрово слетале 320 морнари на компанијата „Ројал Карибијан“, меѓу кои, според црногорската влада, имало 89 морнари од Хрватска, 25 од Албанија, 37 од Босна и Херцеговина и 26 од Србија.

Сепак, веста за нивното безбедно враќање беше засенета од скандалот предизвикан од околу 15 црногорски морнари кои биле уапсени во авионот, веднаш по слетувањето, пренесува хрватски „Индекс“.

„За малку ќе нè вратеа назад. Тие се напија, пушеа во авионот, ги нападнаа стјуардесите. Иден од нив им избега, па јас го фатив и го уапсија”, рекол еден од Хрватите кој слетал на аеродромот во Подгорица.

„Стјуардесата е изгребана на вратот и срамота е што 10% од 143 црногорски морнари се уапсени во полиција“, изјавил Црногорец, исто така патник на летот.

“Пушеа во авионот, противпожарниот аларм се активираше веројатно 20 пати. Потоа, кога сакаа да им ги земат цигарите и алкохолот, ја нападнаа стјуардесата. Нејзин колега се обиде да ја одбрани, па за малку ќе избиеше тепачка. Пијаните исто така задеваа една девојка меѓу патниците во авионот“, раскажал за хрватските медиуми еден од Хрватите кој рекол дека уште не може да дојде на себе поради бурната ноќ која ја доживеал на повратниот лет.

извор: Makfax