Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН упатува јавен повик за протестот за одбрана на името и делото на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев, на 15 септември, со почеток во 18.30 часот од Министерството за правда, преку мостот “Гоце Делчев“ до Министерството за надворешни работи, порачаа од Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН

Оттаму додаваат дека Гоце Делчев бил е и ќе остане Македонец и Гоце Делчев е црвената линија на македонското достоинство!

Никој никому не брани доколку сака нека го слави! И Бугарија ужива дел од благодетите на неговите дела! Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН повикува на семакедонско помирување и обединување за одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на народот Македонски! Никогаш северна, само Македонија, велат од Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН

СОЈУЗ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ И ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА – МАКЕДОН ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРОТЕСТОТ…

Posted by World Macedonian Congress – Australia on Понеделник, 14 септември 2020