x

Повеќе тактика од фудбал: Евертон и Арсенал одиграа без голови на „Гудисон“

Двата тима кои од неодамна добија нови менаџери Евертон и Арсенал, денеска одиграа 0:0 на „Гудисон“. Кога се ќе се земе резултатот е реален, а немаше ни многу шанси. Подобрата шанса ја имаше Евертон кога ударот на Ричарлисон заврши крај голот, а неколкуте обиди на Арсенал не беа проблематични за Евертон.

Иако добија нови тренери, сепак Анчелоти и Артета денеска не ги водеа своите екипи. Двајцата ќе дебитираат на „Боксинг-деј“ идната недела.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата