Според првичните информации кои што ги пренесуваат новинарите од весникот Вечер повеќе од 6 часа се гаси пожарот кој што дивее уште од утринава позади спортската сала „Борис Трајковски“, во општина Карпош.

Две возила на протипожарните екипи се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот кој веќе неколку часови не стивнува.

Причината за пожарот сеуште не е утврдена, а голем дел од дивата населба каде беа населени ромски фамилии сега е во чад и пепел.

Населени ромски фамилии, пуштени коњи, високи треви, измет од животни, старо железо, пластични шишиња … со години наназад така изглеше централното скопско подраче на кејот на реката Вардар, спротои спортскиот центар Борис Трајковски во населбата Карпош.

Хигиената беше на ужасно ниво, околината загадена, ѓубре, пластика и измет на сите страни, а животни слободно шетаа и по улиците во оштината.